Услови за прием:
Основниот услов е успешно завршена програма за магистерски студии „Политички науки“ или пак, слична програма на ист степен. Кандидатот треба да ја покаже својата способност за самостојна истѕражувачка работа и да говори англиски или некој друг светски јазик на соодветно напредно ниво. За запишување на докторски студии, ќе се полагаат приемни испити. Целта на полагањето приемни испити за запишување на докторски студии е да се провери знаењето на кандидатот за проблемите, за содржината на темата што ја избрал од предложените теми за докторската дисертација (Додаток бр. 1).
Кандидатот го испраќа својот проект (тема за докторска теза) за дисертација на словачки и на еден од светските јазици за кои се пријавил, заедно со образецот за апликација (проектот на словачки јазик може да се замени со проект на чешки јазик или друг свет јазик). Проектот (темата за докторската теза) во должина од најмногу 10 страници (на секој од јазиците) треба да содржи:
- објаснување и мотивација зошто кандидатот одлучил да ја разработува избраната докторска теза,
- дефинирање на основните насоки и цели што кандидатот би сакал да ги следи за време на работата на докторската теза, како и методите што кандидатот би сакал да ги разработи во избрана тема на дисертацијата,
- кратко карактеризирање на наведените проблеми врз основа на референтни книги и извори,
- очекувани придобивки од подготвената избрана тема на докторската теза за практика и следење на развојот на теоријата.
Дополнителни барања за прием на докторските студии:
- пријавата мора да се испрати на бараниот образец за третиот циклус на високо образование (образец А3), пополнет согласно барањата и потпишан, со лични информации, начин на студирање, студиска програма, завршени магистерски студии,
- кандидатот не мора да ги запишува предметите и оцените од магистерските студии на страница 2,
- дел од пријавата треба да биде потпишана кратка биографија (CV) и потврда за плаќање на надоместокот за приемните испити, што треба да се приложи на страница 3,
- нема потреба од потврда на здравствената способност за универзитетски студии,
- дипломираните студенти на Катедрата за политички науки при ADUT треба да испратат копија од дипломата (не мора да се верифицира), додаток на дипломата и потврда за положен државен испит, додатокот на дипломата, како и потврдата за положен државен испит, треба да содржат пресметана аритметичка средина од сите положени предмети, заедно со одбрана на крајната теза, кандидатите треба да ги испратат сите овие документи во студентски прашања на Катедрата за политички науки при ADUT,
- дипломираните студенти од други универзитети доставуваат заверена копија од диплома, потврда за положен државен испит, додаток на дипломата или изјава за положени испити, додатокот на дипломата (потврда за положени испити), како и потврдата за положен државен испит, треба да содржат пресметана аритметичка средина од сите положени предмети, заедно со одбрана на крајната теза, кандидатите треба да ги испратат сите овие документи во студентски прашања на Катедрата за политички науки при ADUT.
Во случај кога потребни податоци се нецелосни, пријавата нема да биде ставена во базата на податоци за процесот на пријавување.
Кандидатот може да испрати само една пријава за студиската програма за политички науки и да означи само еден начин на студирање (внатрешен или надворешен).
Комисијата за прием го оценува резултатите од приемните испити на состанок зад затворени врати. Ако повеќе кандидати ги полагале приемните испити, Комисијата за прием ќе го рангира секој од кандидатите врз основа на нивниот успех. Одлуката за прием кандидатот ќе ја добие по стандардна пошта најдоцна 30 дена по полагањето на приемните испити.
Информации за студиската програма:
Теоретско знаење
Дипломираните студенти на оваа студиска програма:
- ќе ги продлабочат своите теоретски знаења за теоријата на политиката, теоријата на меѓународните односи, како и знаењето за клучни политички концепти,
- ќе ги продлабочат своите знаења за методологијата на политичките науки,
- ќе може самостојно да вршат наулна работа.
Практично знаење и вештини
Дипломираните стиденти ќе бидат квалификувани за:
- анализирање тековни процеси од меѓународната, европската и светката политичка сцена,
- именување на трендовите во политилките науки и теоријата на политиката во моемнтов и заземање клучен став,
- карактеризирање и анализа на предизвиците и проблемите со кои треба да се соочи општеството во 21 век и предлагање и воведување решенија,
- заземање професионален став на клучни теми поврзани со меѓународните односи,
- предвидување и моделирање сценарија за идниот општествен развој.
Дополнително знаење, способности и вештини
Дипломираните стиденти ќе бидат квалификувани за:
- комуникација на англиски јазик или друг светски јазик течно или на професионално ниво
Практична работа:
Дипломираните студенти на студиската програма „Политички науки“ на степен III на студии ќе ги стекнат сите потребни вештини, знаења и способности за да најдат вработување во областа на дипломирање.
Ќе имаат соодветен теоретски приказ на проучуваните проблеми и ќе бидат способни да вршат независна истражувачка работа. Ќе се здобијат со знаење за моменталниот статус на научни сознанија во дадената научна дисциплина.
Во исто време, ќе се развијат способностите за комуникација, презентацијата и јазичните вештини на секој од дипломираните студенти.
Наставната програма на предметите е наведена како поддршка на развојот на критичкото размислување на секој од дипломираните студенти, чијашто основа е релевантната база на знаење на студентот.
Од горенаведеното е очигледно дека дипломираните студенти ќе го користат своето професионално искуство како експерти за политичките и општествените процеси во:
- јавниот сектор и самоуправа,
- медиумите,
- агенциите специјализирани за истражување на јавното мислење и истражување на пазарот,
- третиот сектор,
- меѓународните организации, како и во академската и научната сфера.