Услови за прием:
Основен услов за прием е положен завршен испит за средно образование. Друг услов за прием е успешното полагање на приемните тестови - тест по биологија во рамките на предметите од средно училиште и потврда на физичките способности, што опфаќа пливање, атлетски дисциплини и гимнастика.
Информации за студиската програма:
Дипломец на додипломската студиска програма „Физиотерапија“ е здравствен работник со богат професионален профил. Може да спроведува основни испитувања и третмани, како и методи во физијатрија, балнеологија и медицинска рехабилитација. Подготвен е за вршење активности за кои е потребно стручно знаење, самостојност при работа, донесување одлуки, лична одговорност во медицинската рехабилитација, во примарна, секундарна и последователна здравствена заштита, превентивни, дијагностички, терапевтски, советодавни и последователни едукативни активности. Дипломецот индицира, планира и врши спроведува техники, методи, физиотерапевтски постапки и вежби, основни методи во физиотерапија и балнеологија, хидротерапија, ерготерапија, електротерапија и кинезиологија.
По завршувањето на додипломските студии во студиската програма „Физиотерапија“, може да се вработи во болница или здравствен центар, бањски капацитети, специјализирани институти за третмани и рехабилитација или други институции што обезбедуваат превентивна и медицинска нега или пак, здравствена заштита и превенција. Дипломецот се стекнува со предуслови за понатамошното универзитетско, специјализирано и продолжено образование.